За нас...
Нашата приказна
Здравиот човек има 1000 желби, а болниот само една – да биде здрав!!
Токму оваа мисла беше звезда водилка за основањето на БиоВита-Лола со една, единствена цел - таа желба на нашите пациенти да биде преточена во реалност.
Природата е непресушен извор на добро здравје и благосостојба, од древните времиња па се до денес. Наша цел е враќање кон природата и користење на благодетите која таа ни ги дарува, во соработка со врвни научни сознанија и најсовремени технологии на производство.
БиоВита-Лола е ексклузивен увозник и дистрибутер на производи од природно потекло категоризирани како додатоци во исхраната, со проверен и во долгогодишна пракса докажан квалитет од производителите Еуровита ДОО, Хрватска и Hankintatukku.Oy, Финска.
Стручниот тим на БиоВита-Лола предводен со mr. pharm. Ловорка Лола Николовска нуди услуги од областа на суплеметација, нутриционизам и ортомолекуларната медицина со цел да се сочува, негува и подобри здравјето по природен пат, во согласност со дијагнозата, индивидуалните карактеристики и потреби на пациентот.
Ви стоиме на располагање за сите Ваши прашања и дилеми поврзани со Вашето здравје, бидејќи здравјето на нашите пациенти е единствениот наш приоритет!!