Скринингот односно редовните ПАП контролни тестови овозможуваат навремено откривање на ХПВ и предканцерогени промени, кои укажуваат на зголемен ризик од појава на рак на грлото на матката.
HPV или хуман папилома вирус е DNK вирус кој спаѓа во групата паповируси. Инфекцијата со HPV е една од најчесто присутните полово преносливи заразни болести со вирусна етиологија Досега се откриени повеќе од 100 различни генотипови на HPV вируси кои се карактеризираат со исклучителна склоност за создавање туморски промени на епителните клетки и мукозното ткиво на кожата, од кои 20-тина се директно одговорни за појавата на карцином на грлото на матката. Детекцијата на вирусот ХПВ при ПАП тест е прв показател за ризик од појава на рак на грлото на матката. Врз основа на нивниот потенцијал за предизвикување на малигни промени во структурата на клетките, тие се поделени во три групи:
HPV со низок ризик - 6, 11, 41, 42, 43, 44 – предизвикуваат кондиломи – бенигни брадавичести формации во аногениталната регија.
HPV со среден ризик - 31, 33, 35, 39, 51, 52 - предизвикуваат CINI i CIN II премалигни промени .
HPVсо висок ризик - 16, 18, 45, 56 - предизвикуваат CINIII и CIS (carcinoma in situ) и инвазивен карцином на грлото на матката (cervix).
ШТО Е CIN ?
CIN или цервикална интраепителна неоплазија е директна последица од негативното делување на HPVособено на високо ризичните генотипови.Овие вируси имаат способност да вградат дел од сопствената вирусна DNA во хуманиот геном на клетката домаќин, со што предизвикуваат неконтролирана клеточна делба. Во зависност од степенот на клеточните промени и длабочината на продирањето во самата слузница, предканцерогените промени можат да бидат:
CIN I – блага дисплазија.
CIN II – средно тешка дисплазија
CIN III – тешка дисплазија или carcinoma in situ.
Ракот на грлото на матката се рзвива во долниот дел на матката а започнува со клеточни промени и мутации на нормалната ДНК структура на клетките и нивно брзо размножување. Скринингот односно редовните ПАП контролни брисеви овозможуваат навремено откривање на предканцерогените промени кои лесно можат да бидат одстранети во рана фаза на болеста. Самиот процес на карциногенеза се уште не е доволно познат, но со сигурност се знае дека неправилната исхрана, стресот, алкохолот, пушењето, честото менување партнери се главни причинители за намалување на имунолошкиот потенцијал на организмот со што присутниот вирус се активира и доаѓа до развој на болеста. Хируршкиот зафат не е 100 отстотна гараниција дека CIN промената нема да се повтори во наредниот период, бидејќи со зафатот се отсtранува само оштетеното ткиво т.е последицата од негативното делување на вирусот, а самиот HPV вирус како причинител на CIN промената и натаму останува присутен во телото на пациентката. Од овде произлегува и заклучокот дека покрај редовните гинеколошки контроли, токму силниот имунитет е исклучително важен сегмент за превенција но и за борба со оваа вирусна инфекција. Доколку го зајакнеме имунолошкиот систем по природен пат ќе направиме супре-сија на вирусот пред да предизвика абнормални промени, а веќе присутните CIN промени може спонтано да се изгубат. BetaGlucan 1,3/1,6 e 100% природен, апсолутно безбеден и научно признаен додаток во исхраната кој обезбедува квалитетно, имуностимулаторно, имуномодулаторно и антиоксидативно дејство, при што не се евидентирани несакани ефекти. BetaGlucan 1,3/1,6 врши активација на обрамбе-ните клетки пред се: макрофаги, гранулоцити, неутрофили, кои се прва обрамбена линија во нашето тело и го зајакнува имунитетот потенцирајќи го специфичниот имунолошки одговор. Единствениот механизам на делување на BetaGlucan 1,3/1,6 се остварува преку врзувањето за рецепторите кои се на-оѓаат на површината на имунолошките клетки (Dectin 1,CR3) при што истите се активираат и повеќекратно ја зголемуваат својата способност за уништување на потенцијалните причинители на болести (вируси, бактерии,) како и мутирани и дегенерирани клетки со оштетена ДНК-структура (токму таква структура имаат клетките од CIN-промената). За неговата ефикасност и одлични клинички резултати сведочат се поголемиот број на задоволни корисници на овој препарат кај нас и во светот. Се дава кај сите состојби на ослабнат имунолошки капацитет на организмот, при нарушена општа здравствена сос-тојба, кај сите акутни и хронични инфекции, стрес, автоимуни болести и др.
Comments