Апоптозата е потенцијално протективен механизам со кој телото се самозаштитува од појава и развој на клетки со малигни м
утации, пресекувајќи го природниот синџир на продукција на нови генерации малигни клетки.
Клеточната делба е природно својство и е дел од генетскиот запис на секоја нормална и здрава клетка. Овој физиолошки процес се одвива постојано - кај просечен човек секојдневно се реплицираат околу 100,000,000 клетки и сосема е разбирливо дека некои од нив ќе се реплицираат со генетска грешка. Човековиот организам располага со специфичен заштитен систем со таканаречени “прекинувачи” кој се состои од тумор-супресивни гени и гени за поправање на оштетената ДНК, кои имаат способност да го спречат неконтролираниот раст на клетките. Штом имунолошкиот систем сфати дека клетките се со малигни обележја, веднаш се активираат гените кои го стимулираат процесот на апоптоза но и другите имунолошки механизми за заштита од развој на малигна болест – пред се НК клетките или природните клетки убијци. Процесот на програмираната клеточна смрт или апоптоза е природен физиолошки процес кој се одвива со цел да организмот ги елиминира сите оштетени клет-ки, за што е потребна енергија и активација на специфични гени и ензими. Апоптозата е потенцијално протективен механизам со кој телото се штити од појава и развој на малигни клетки. Со програмираната клеточна смрт се уништуваат клетките со малигни мутации и се пресекува природниот синџир на продукција на нови генерации малигни клетки кои како и клетките-мајки би биле носители на истите малигни карактеристики. На овој начин телото се самозаштитува и дава можност да се продуцираат само здрави генерации на клетки. Но иако човековиот организам е опремен со сложен систем за заштита, од одредени причини (најчесто пад на имунтетот) организмот не успева да се справи со неконтролираната делба на клетките и доаѓа до појава на малигна болест. Се смета дека малигните клетки на некој само на нив познат начин, станале отпорни на делувањето на гените кои доведуваат до нивно самоубиство, па неконтролирано се делат, се размножуваат и на крај го уништуваат телото на својот домаќин. Покрај генетската предиспозиција и стареењето, многубројни се и надворешните фактори кои го намалуваат имунолошкиот капацитет на организмот и ги ослабнуваат обрамбените механизми (стрес, неправилна исхрана, загадена животна средина). Апоптозата може да биде иницирана од најразлични физиолошки и патолошки стимули и се одвива во неколку фази. Првата фаза е фаза на решение која воедно е генетски контролна точка на клеточната смрт. По неа следува втората фаза или фаза на егзекуција кога настапуваат морфолошките промени во клетката. Се јавуваат испапчувања на клеточната мембрана, собирање на клетката, фрагментација на јадрото и тн. Третата фаза е фагоцитоза кога настапува разградба на ДНК на клетката и таа умира.
Од досега искажанато се гледа дека апоптозата е еден многу важен и позитивен процес со кој човековиот организам успешно се брани од многу хронични и тешки болести. Се додека овој процес нормално се одвива постои рамнотежа помеѓу бројот на изумрени и новосоздадени клетки.
Системот на одбрана и заштита од појава на канцер е сложен систем на кој можеме да влијаеме да функционира беспрекорно, со квалитетни природни суплементи. ImmunoAHCC е лидер во тој сегмент и претставува дополнителна природна имунотерапија на класичните методи на лекување на малигните болести. ImmunoAHCC ги подржува сите онколошки третмани потенцирајќи ја нивната ефикасност и дава можност повеќе во напорите да се надмине болеста. ImmunoAHCC активно го поттикнува процесот на апоптоза, го зголемува бројот и активноста на Т и Б лимфоцитите и НК клетките, го зголемува производството на gama interferon, интерлеукини IL-2, IL-12, TNF( tumor necroze factor), го намалува лачењето на факторот за раст на туморите (TGF) и ја забрзуваат диференцијацијата и пролиферацијата на Т-клетките. ImmunoAHCC го стимулира создавањето на матичните клетки на коскената срцевина, ја забрзува продукцијата на леукоцитите, еритроцитите и тромбоцитите, ја спречува и ублажува миелосупресијата на коскената срцевина и ја негува белата крвна лоза. Го намалува хроничниот замор, папсаноста и исцрпеноста, го подобрува апетитот, ја враќа енергијата, го подобрува сонот и расположението на болниот, ги намалува оштетувањата на црниот дроб и помага во одржување на нормални вредности на хепаталните ензими. Употребата на Immuno-AHCC за редукција на несаканите ефекти од хемотерапијата е изложена во студијата на Tajima Clinic од Сапоро, Јапонија. Dr. Reiki Ishizuka известува за подобрување на квалитетот на живот и на имунолошките функции кај пациенти со карцином на дојка, бели дробови и дебело црево кои земале ImmunoAHCC истовремено со конвенционалните хемотерапевтски третмани, наспроти тие кои на земале суплементација. Делува и како силен антиоксиданс кој го спречува оштетувањето на здравото ткиво од зрачењето. ImmunoAHCC е вистинска формула која хемотерапијата ја прави полесно поднослива, поефикасна и помалку штетна за пациентите - обезбедува поквалитетен живот, ја подобрува ја општата здравствена состојба на пациентот и ги зголемува шансите за преживување.
Commentaires