top of page
Search

Пост ковид синдром - предизвик на новото време

Updated: Mar 4, 2024

По неколку години од појавата и прогласувањето на светската пандемија со корона вирусот сите сме сведоци на последиците од оваа глобална здравствена криза врз здравјето и животот на современиот човек. Но она што посебно загрижува се многубројните компликации и последици од корона вирусот кај оние кои ја прележале инфекцијата.  Се повеќе се зборува за пост ковид синдром за кој медицината сеуште нема прецизни одговори и протокол за третман, па истите се третираат симптоматски.  Појава на хронични болки во зглобови и мускули, оштетувања на белите дробови, бубрезите и црниот дроб, невролошки компликации со појава на заборавност, деконцентрација, вртоглавици, несоница и главоболки, трпнење на екстремитетите, до појава на нарушена циркулација, тромбози, мозочни и срцеви удари, општа слабост и пад на работната способност, се само дел од спектарот несакани последици на оваа чума на 21-виот век. И повторно се навраќаме на важноста на нашиот имунолошки систем кој е одговорен „уредник“ за тоа како нашето тело ќе се справи со болеста.  Добриот имунолошки капацитет е важен и пред и во текот на болеста, а сега се потврдува дека е исто така важен и во периодот на пост ковид заздравување. Сите овие несакани последици од корона вирусот можеме да ги сведеме на минимум доколку секојдневно користиме квалитетни и во пракса потврдени имуностимулатори. Витаминско-минералната терапија е препорачлива но витамините и минералите се недоволни, па со право се наметнува потребата од јакнење на имунитетот, се со цел телото да се справи со остатоците од вирусот и сета штета од неговата интертелесна активност. BetaGlucan Forte 1, 3/1, 6 има долгогодишна примена во борбата со разни типови на вируси преку сосема природна имуностимулативна улога и со доза од 2 капсули на ден обезбедува брза регенерација на организмот по прележани инфективни заболувања.   

КАКО ДЕЛУВА  BetaGlucan  1,3/1,6 Forte ?

Како лесно растворлив, природен полимер BetaGlucan 1,3/1,6 Forte има голема способност за поткревање и јакнење на клеточната активност која овозможува брза регенерација, ревитализација и реструктурирање на сите ткива и органи. BetaGlucan 1,3/1,6 Forte  е моќен ретикулоендотелиски агенс кој врши активација на обрамбените клетки пред се: макрофаги, гранулоцити, неутрофили и НК- клетки, кои се прва обрамбена линија во нашето тело и доведува до силен имунолошки одговор, BetaGlucan 1,3/1,6 Forte се  аплицира орално (преку уста) и ацидорезистентната форма овозможува непречено минување низ желудникот и ослободување на активната компонента во тенките црева. Имунолошката активност на BetaGlucan 1,3/1,6 Forte во најголем процент се остварува преку активирање на макрофагите и започнува уште на ниво на цревната слузница. Макрофагите имаат способност за брзо откривање, препознавање и уништување на сите потенцијални причинители на болести – вируси, бактерии, габички, паразити, како и мутирани и дегенерирани клетки со оштетена ДНК-структура. Кога BetaGlucan 1,3/1,6 Forte ќе дојде во контакт со рецепторите - Dectin 1 (кои се наоѓаат на површината на макрофагите),  клетката на макрофагот се „вклучува” и дури за 7 пати ја зголемува сопствената способност за уништување на потенцијалните агресори. Врзувајќи се за CR3 рецепторите на површината на лимфоцитите, BetaGlucan 1,3/1,6 Forte  врши активација на Т и Б лимфоцитите, со што ја активира втората обрамбена линија на имунолошкиот систем. Штом макрофагите и лимфоцитите се активираат, настанува брза интервенција на сета „армија – резервниот состав и специјалните единици” т.е  започнува продукција на цела низа помошни супстанци како: против воспалителните цитокини, (IL-1, IL-6), TNF-alfa (tumor necrose factor-протеин кој ги уништува канцерогените клетки), interferon и др. BetaGlucan 1,3/1,6 Forte ја стимулира и продукцијата на фибробластите со што го поттикнува зараснувањето на раните, како и производството на матичните клетки на коскената срцевина, со што ја зголемува продукцијата на леукоцити, еритроцити и тромбоцити. 

Можеби заздравувањето на болните ќе биде повеќенеделно, дури и повеќемесечно но треба да се даде можност по природен пат телото да се избори и врати во нормала. Секако, исхраната и здравиот начин на живот, не смее да се занемарат бидејќи тие се многу битна алка во целиот процес на рехабилитација.  



4 views0 comments

Comentários


bottom of page