Карциномот на дојката најчесто се открива сосема случајно како јазол или грутка во дојката која при допир е тврда, безболна, неподвижна, фиксирана за околното ткиво и со неправилна форма –затоа редовните самопрегледи се прв чекор во насока на рано откривање на карциномот на дојка
Ракот на дојката (Ca mammae ) e најчесто малигно заболување и еден од водечките причинители за предвремена смртност кај жените во светот. Секоја година се регистрираат повеќе од еден милион ново заболени пациентки од оваа подмолна болест. Етиологијата на ракот на дојката не е позната но постојат неколку фактори за кои е докажано дека директно ја условуваат појавата на овој тип на малигна болест:
- немањето потомство или раѓање на дете по 35 година, рана менструална активност (менструален циклус пред 12-тата година од животот), индивидуи со генетска предиспозиција да заболат од рак на дојката (одговорни се два наследни гена BRCA1, BRCA2 кои се пренесуваат од родители на деца), кај жени со бенигни пролиферативни промени на дојките. Во фактори на ризик спаѓаат и прекумерната телесна тежина, исхрана богата со протеини од животинско потекло (месо, сувомеснати и конзервирани производи), алкохол, пушење, стрес-ни состојби, јонизирачки зрачења и други штетни влијанија од надворешната средина.
Ракот на дојката во почетната фаза е безболен и асимптоматичен. Најчесто самите пациентки откриваат грутка во дојката која при допир е тврда, неподвижна, со неправилна форма а честопати се јавуваат и промени на кожата (набрана како кора од портокал), нагласени вени, промена на формата и големината на дојката, појава на исцедок и вовлеченост на пупката. Дијагностички методи кои се користат за точно дијагностицирање на болеста се мамографијата и ултразвучниот преглед на дојката, а кај суспектни наоди дијагностиката се проширува со аспирација и цитолошка анализа на аспирираната течност, како и биопсија.
Лекувањето на ракот на дојката се одредува врз основа на добиените наоди и зависи од тоа колку е напредната болеста и дали е проширена во лимфните јазли и околните ткива и органи. За таа цел пред да се започне со терапевтски третман се прави класификација според TNM (tumor, limfni jazli, metastazi) со која се одредува стадиумот на болеста на секоја болна индивидуа. Покрај хирур-шкото отстранување на дојката во современиот онколошки третман се користи хемотерапија, радиотерапија, хормонско лекување и имунотерапија. Кај 60-70 отсто дијагностицирани случаи на карцином на дојка е докажано присуство на естроген и прогестерон - рецептори што укажува дека станува збор за хормонално зависни карциноми, кои добро реагираат на хормонска терапија со антиестрогени и инхибитори на ароматаза.
Она што е заедничко за сите типови на рак на дојка (дуктален, лобуларен, папиларен) е дека имунотерапијата како дополнителна терапија на сите препорачани онколошки третмани е повеќе од добредојдена и честопати е пресудна за успешна борба со оваа подмолна болест. Имунотерапија е начин на лекување при која сопствениот имунолошки систем се користи во борбата со ракот и тоа самостојно или во комбинација со класичните терапии со цел да ја зголеми нивната ефикасност. Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за медицина dr. Ralph Steinman, кој боледуваше од малигна болест со прогноза од само 6 месеци живот, преживеа дури 4 години користејќи имунотерапија темелена на неговите сопствените истражувања. За квалитативно и квантитативно зајакнување на имунолошкиот систем и обезбедување на клинички добар имунолошки одговор се препорачуваат високо квалитетни суплементи чиј имуностимулативен потенцијал е научно докажан и прифатен од стручните медицински кругови во светот. Токму таков препарат е ImmunoAHCC - додаток во исхраната кој го зајакнува имунитетот по сосема природен пат и е единствен официјално признат суплемент од страна на Јапонското Лекарско друштво, како најефикасен природен имуностимулатор. ImmunoAHCC е природна дополнителна имунотерапија на класичните методи на лекување и е подеднакво ефикасна кај разните видови на малигни заболувања. Со повеке од 80 клинички студии е докажано дека комбинираната употреба на ImmunoAHCC со хемотерапевтици, обезбедува поголема ефикасност на самата хемотерапија и радиотерапија (околу 30 отсто) во уништување на примарниот тумор, но и квалитетно и темелно уништување на евентуално присутните микрометастази. Резултатите се рангираат од вистинска редукција на туморската маса, запирање на растот на туморот и успорување на процесот на пролиферација, спречување и запирање на ширењето на метастази и продолжено време на ремисија на болеста. Кај веќе дијагностициран карцином многукратно се зголемуваат шансите за надминување на болеста, а ризикот од рецидивни форми на болеста и појава на метастази по неколку месеци или години, се сведува на минимум. ImmunoAHCC го зголемува бројот и активноста на Т и Б лимфоцитите, на НК (natural killer cells) клетките, го зголемува производството TNF-(tumor necroze factor), gama interferon, интерлеукини IL-2, IL-12. ImmunoAHCC го стимулира создавањето на матичните клетки на коскената срцевина и ја забрзува продукцијата на леукоцитите, еритроцитите и тромбоцитите, ја спречува и ублажува миелосупресијата на коскената срцевина и ја негува белата крвна лоза. Токму затоа ImmunoAHCC е вистинско решение кое хемотерапијата ја прави полесно поднослива, поефикасна и помалку штетна за самите пациенти заболени од малигна болест. ImmunoAHCC обезбедува поквалитетен живот (QOL-quality of life) на болниот, несаканите нусефекти - гадење, повраќање, намален апетит, паѓање на косата, премаленост, болки - ги сведува на минимум и ја подобрува општата здравствена состојба на пациентот. Тоа е особена важност при лекувањето бидејќи пациентот ќе може полесно да ја поднесе хемотерапијата со помалку нус појави и во целост ќе биде спроведена - од почеток до крај како што е планирано, без прекиди, одложувања или принудно откажување од програмот на лекување. Практичните искуства при имунотерапијата на карцином на дојка со препаратот ImmunoAHCC се повеќе од оптимистични, согласно на добиените резултати од контролните прегледи на пациентките кориснички на овој препарат. Одличното поднесување на самите терапевтски третмани – хемотерапија и зрачење, добрата општа здравствена состојба, квалитетниот сон, добриот апетит со висок степен на виталност и работоспособност, контролирани вредности на туморските маркери (CA 15-3, CEA) во граници на нормала, одсуство на појава на рецидиви и метастатски промени и по неколку години по завршување на лекувањето, дава за право да веруваме дека ImmunoAHCC е препарат од прв избор кај индивидуите кои се соочуваат со оваа дијагноза и вистинско оружје за борба со чумата на новото време.
Comments