top of page
Search

Карцином на бели дробови

Updated: Mar 4, 2024

Поради невидениот пораст на бројот на пушачи и несопирливо ширење на оваа зависност, карциномот на белите дробови е најчесто дијагностицирана малигна болест кај современиот човек, од која секоја година умираат 3 милиони луѓе во светот

Карциномот на белите дробови е најчест вид на малигни тумори во Европа и САД, а бројот на новозаболени од оваа злокобна болест е во постојан пораст. Тој е на прво место по број на нови случаеви кај машката популација, а кај жените е на четврто место веднаш по ракот на дојката, дебелото црево и желудникот. Врвот на инциденцата е помеѓу 6 и 7 деценија од животот, но загрижува фактот дека е се почест кај помладата популација. Најчесто се јавува кај кај индивидуи кои се изложени на повеќе ризик фактори како: живот во урбана средина со многу извори на загадување, работна средина со издувни гасови, лесно испарливи хемиски средства, прав, генетска предиспозиција, пушење, нездрав начин на исхрана, стрес и сл. Докажано е дека пушењето на 20 и повеќе цигари дневно многукратно го зголемува ризикот од појава на оваа болест со напомена дека  и пасивното пушење е ризик фактор за појава на карцином кај непушачи.Чадот од цигарите содржи повеќе од 40 познати канцерогени материи, а најопасен е 3,4-benzpiren кој предизвикува хромозомски  абнормалности  на ниво на клеточната ДНК. Со проучување на промените на слузницата на бронхиите кај индивидуи-пушачи, откриено е дека постои прогресивен тек на патолошки промени на самата слузница – почнувајќи од хиперплазија, преку метаплазија и атипија, па се до  carcinoma in situ и на крај до инвазивен карцином. Овој тек на промени честопати се случува на повеќе места во трахеобронхијалното стебло  и не ретко се случува да имаме повеќе од еден наод со различни фази на прогресија. Најчести симптоми кои можат да бидат последица на оваа болест се: кашлица, хемоптиза (крв во плунката), краток здив, болка во градите, изразено потење, губиток на апетит, нагло слабеење и папсаност, лесно покачена телесна температура, чести инфекции на дишните органи и сл. Карциномот на бели дробови се дели на четири основни групи кои се разликуваат по своите хистолошки карактеристики и клиничко однесување, па затоа прецизната хистопатолошка дијагноза е темел на сите понатамошни клинички третмани и терапевтски постапки.



1.       Карцином на плочести клетки  или планоцелуларен карцином е најчест вид  (35 до 40 одсто заболени). Расте споро и потребни се 3-4 години да се формира во клинички евидентен тумор. Чувствителен е на новите цитостатици и радиотерапија.

2.      Аденокарцином се јавува кај 35  одсто од заболените и тоа најчесто во периферните делови на белите дробови.  Има голема способност да метастазира во лимфни јазли, коски и мозок.

3.      Крупно клеточен карцином  се јавува кај 10 одсто заболени, слабо реагира на хемотерапија и зрачење. 

4.      Микроцелуларен карцином или ситно клеточен се јавува кај 20 одсто заболени и е многу агресивен, со силно изразен афинитет за метастазирање  па во моментот на поставување на дијагнозата кај 70 одсто заболени веќе постојат видливи метастази во медијастинални лимфни јазли, црн дроб, коски, мозок, коскена срцевина и др. Добро реагира на цитостатици од новата генерација (gemcitabin, docetaksel, paklitaksel) и зрачење.

Намалувањето на смртноста од овој вид карцином се постигнува со добра превенција, пред се примарната превенција со едукативни програми и кампањи против пушењето, намалување на бројот на нови зависници и престанок со пушење кај старите никотински уживатели. Секундарната превенција вклучува рано откривање и лекување на болеста во предканцерогена (нулта) фаза и тогаш пациентот има оптимистичка прогноза и добри изгледи да ја победи болеста. Биопревенција е превентивна употреба на лековити  супстанци од природно потекло кои се дел од нормалната исхрана на човекот  или се материи кои се физиолошки присутни во нашето тело со цел да го спречат процесот на карциногенеза (создавање на малигни клетки). Редовната употреба на такви природни непријатели на ракот ја спречуваат појавата на преканцерогените промени и го стопираат растот и ширењето на веќе присутните малигни процеси. Најквалитетен и најчесто користен природен препарат кој мо-же да помогне во борбата со малигните болести е ImmunoAHCC, кој силно го поткрева имунолошкиот систем, исклучително силниот имунолошки одговор го остварува за рекордно кратко време (2-4 часа) а таквиот ефект трае пролонгирано во подолг временски интервал. ImmunoAHCC го зголемува бројот и активноста на Т и Б  лимфоцитите за 200 одсто, НК (natural killer cells) клетките за 300-800 одсто, производството TNF-(tumor necroze factor)- кој помага во уништувањето на канцер-клетките, потикнвајќи го процесот на апоптоза (програмирана смрт на канцер клетките), jа  зголемува продукцијата на gama interferon, интерлеукини IL-2, IL-12, го супримира (намалува) лачењето на факторот за раст на туморите (TGF) - и ја забрзуваат диференцијацијата и пролиферацијата на Т-клетките. Кога се користи во комбинација со хемотерапевтици, обезбедува поголема ефикасност на самата хемотерапија и радиотерапија во уништување на примарниот тумор (околу 30 отсто), но и квалитетно и темелно уништување на присутните микрометастази. Кај веќе дијагностициран карцином многукратно се зголемуваат шансите за надминување на болеста, а ризикот од рецидивни форми и појава на метастази по неколку месеци или години, се сведува на минимум. Најновите статистички податоци сведочат и за пролонгирање на животниот век (до 23 месеци) дури и кај пациенти во терминална фаза на болеста.



7 views0 comments

Comments


bottom of page