top of page
Search

Гонартроза (gonarthrosis) на колено

Гонартроза (gonarthrosis) претставува хронично дегенеративно заболување на коленото со патолошки промени на зглобната р’скавица и оштетување и на другите структури на коленото. Гонартрозата е едно од најчесто дијагностицираните заболувања на зглобовите и скелетниот систем воопшто.

Зошто се развива гонартроза на колена?

Појавата на гонартроза е несомнено поврзана со процесот на стареење. Но важна улога во тој процес имаат и генетските фактори, телесната тежина, претходните повреди на коленото, полот и професијата на пациентот, како и присуство на други хронични заболувања. Повреда на менискусот, спортски повреди и трауми, оперативни зафати во младоста се фактори на ризик за појава на гонартрозата. Во таа група на ризик сспаѓаат и пациентите со реуматоиден артритис и други воспалителни болести на коските и зглобовите.

Кои се симптомите на гонартроза?

Главен симптом на гонартрозата е силна болка во коленото која се јавува при движење. Првиот знак во најраната фаза на болеста е појава на болка при слегување по скали. Пациентите редовно се жалат на крцкање или шкрипење во коленото, чувство на лабавост т.е клецкање на коленото со развој на несигурност во чекорењето и губиток на рамнотежа. Состојбата е пропратена и со чувство на топлина (поради воспалителниот процес ), отоци, вкочанетост и помала подвижност на коленото особено наутро или после повеќечасовно седење. Сите овие симптоми се поизразени при ладно и влажно време со низок воздушен притисок. Ова се случува од причина што нервните влакна во капсулата на зглобот се чувствителни на промените на атмосферскиот притисок.

Како да се бориме со гонартрозата?

Суплементарна терапија со квалитетни додатоци во исхраната во голем процент можат да помогнат при лекување на на гонартрозата на колена

Еден од најпродаваните џоинт формули за оваа намена во светот е Apres flex кој на нашиот пазар доаѓа под комерцијално име Bodyflex Boswellia. ApresFlex е патентиран екстракт од растително потекло, чија активна компонентa acetyl-11-keto-beta-boswellic acid или AKBA е стандардизирана со помош на најсовремени технолошки процедури. Соединенијата кои се содржани во ApresFlex екстрактот преку ефикасна апсорпција и брзо дејствување, обезбедуваат одлични фармаколошки ефекти, ја негуваат зглобната рскавица, ја поддржуваат флексибилноста на зглобовите и помагаат да се оддржи чувството на функционалност на зглобовите. Bodyflex Boswellia го поддржува ак-тивниот животен стил  и особено е погоден за повозрасните лица и индивидуи кај кои зглобовите се изложени на поголеми оптеретувања.

Карактеристики на Bodyflex Boswellia

-          позитивни ефекти за само 5 дена; 

-          56% намалувањена болките според  WOMAC – скалата на артритична  болка во рок од 30 дена;

-          70% намалување на болките според WOMAC – скалата на артритична  болка во рок од 6 месеци;

 намалена утринска вкочанетост и намален  интензитет на болка, подобра еластичност и подвижност на коленото при секојдневните активности

-          Минимална дневна доза од само 1 капсула дневно и пакување кое покрива 2 месеца терапија; 

-         Заштита и нега на зглобната рскавица и сврзните ткива, максимално безбеден и без несакани ефекти и при повеќемесечно конзумирање;  

-          4 double blinde клинички студии кои во целост ги потврдуваат фармаколошките ефeкти на препаратот.



18 views0 comments

Comments


bottom of page