СИЛНИОТ ИМУНИТЕТ Е КЛУЧ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ
Кондиломите се многу лесно пренослива и високо заразна полна болест – доволен е директен контакт со заразената кожа и слузница, а се резултат на инфекција со ХПВ.
Кондиломи (Condylomata acuminta) или генитални брадавици се високо заразна полно пренослива болест, која е предизвикана од одредени типови на ХПВ (Human Papilloma Virus). Инфекцијата со ХПВ е многу честа, досега се откриени повеќе од 100 различни генотипови на HPV вируси кои се каракте-ризираат со исклучителна склоност за создавање туморски промени на епителните клетки и мукозното ткиво на кожата. Од нив 20-тина се директно одговорни за поја-вата на карцином на грлото на матката, а повеќе од 30-тина типови предизвикуваат појава на кондиломи - брадавичести творби во аногениталната регија. Инфекцијата со ХПВ се пренесува при сексуален контакт со заразена индивидуа, а кондиломите се многу лесно преносливи – доволен е директен контакт со заразената кожа и слузница. Понекогаш дури и користење на кондом како заштита, не гарантира безбедност од оваа болест, што е и основна причина за појава на епидемија од светски размери. (според статистиките од американските центри за превенција и контрола на болести((CDC), најмалку 20 милиони луѓе во САД се заразени со овој вирус, а 80 отсто од сексуално активната популација во светот е заразена со некој тип на ХПВ). Појавата на брадавици се случува во наредните месец дена до 2 години, т.е инкубацијата на вирусот е од 15 дена до 18 месеци по контактот. Појавата на кондиломи се забележува во форма на мали розеникави точки или пликови кои личат на брадавички. Може да бидат и како црвени, розеви или бели флеки на кожата (рамни кондиломи) кои се манифестираат со промена на бојата на ткивото. Но можат да бидат и бели или розеникави израстоци во форма на карфиол. Мажите најчесто се преносители на вирусот а кај нив болеста се манифестира со осип или појава на брадавички на половиот орган. Предизвикуваат чешање и непријатност, појава на крвав траг при однос и сл. Кај жените инфекцијата може да биде без видливи симптоми, но ризикот од појава на рак на грлото на матката повеќекратно се зголемува. Кондиломите кај жените се појавуваат надворешно, но и во внатрешноста на вагината и доколку не се лекуваат можат да зафатат поголема регија, дури и околу аналниот отвор. Бременоста и ослабениот имунитет можат да бидат активатори на притаената инфекција.
Лекувањето се состои од употреба на лекови во домашни услови, додека криотерапија, електрокаутеризација, ласерски третман а во потешки случаи и хируршка ексцизија се изведува во амбулантски или болнички услови. По направената интервенција не се стекнува имунитет, напротив многу е честа појавата на рецидиви и егзистирање на вирусот во многу агресивна форма а неговата несмалена активност доведува до појава на нови брадавици. Сето ова делува обесхрабрувачки на пациентите, а често пати состојбата предизвикува и психолошки трауми. Бидејќи станува збор за вирусна инфекција, во лекувањето на кондиломите мора да се земе во обзир и имунолошкиот статус на пациентот, бидејќи без силен и активен имунитет неможе да се очекува реално уништување на ХПВ и од него предизвиканите кондиломи. Затоа при третман на гениталните брадавици, задолжително се препорачува и дополнителна, природна имунолошка терапија со цел да се зајакне имунитeтот и да се зголемат шансите за елиминација на вирусот. Особено е важна квалитетната и здрава исхрана а протоколите препорачуваат употреба на витамини, минерали, антиоксиданси и природни имуностимулатори. Бетаглукан 1,3/1,6 е природна, супстанца екстрахирана од клеточниот зид на пекарскиот квасец (saccharo-myces cerevisiae) со посебни технолошки методи. По структура е долговерижен полисахариден синџир кој се состои од молекули на гликоза меѓусeбно поврзани со активни врски (1,3 и 1,6) Години наназад е предмет на сериозни научни истражувања со цел да се докажат неговите позитивни ефекти врз човеко-вото здравје, особено во насока на активација на макрофагите, НК клетките и Т и Б лимфоцитите. Бидејки се добива од природни извори, како лесно растворлив полимер внесен орално лесно се ресорбира преку дигестивниот тракт, при што не се евидентирани несакани ефекти. Може да се зема подолг период во комбинација со други препорачани медицински терапии, а грижата за добар имунитет треба да стане секојдневна рутина во наредните 3-9 месеци по последната интервенција.
コメント