top of page
Search

Болест на имунитетот

Updated: Mar 4, 2024

П.Н. Карциномот е болест на имунитетот и e резултат на хронична слабост на имунолошкиот систем- изјавува онколог dr.med Katsuaki Uno, Јапонија

Клеточната делба е природно својство и е дел од генетскиот запис на секоја нормална и здрава клетка. Се одвива постојано и е контролирана од страна на специфични гени, но честопати се случу-ваат генетски грешки т.е мутации на нормалната ДНК  со малигни  промени  во  клетките. Индивидуалните клетки на ракот потекнуваат и се производ на генетски абнормалности. Човекови-от организам располага со специфичен заштитен систем за контрола на тие клеточни абнормалности, кој се состои од тумор-супресивни гени и гени за поправање на оштетената ДНК,  кои имаат способ-ност да го спречат неконтролираниот раст на клетките. Штом имунолошкиот систем сфати дека клетките се малигни, веднаш се активира процесот на  апоптоза или програмирана смрт и други иму-нолошки механизми за заштита од рак– пред се НК клетките (природни клетки убијци). Овие клетки имаат улога на елитна војска и поседуваат способност да ги препознаат и уништат канцер-клетките. Иако човековиот организам е опремен со сложен систем за заштита, поради пад и подолготрајна слабост на имунитетот и затајување на системот на одбрана, доаѓа до појава на малигна болест. Затоа се повеќе во научните кругови се прифаќа мислењето дека ракот е болест на имунитетот па и прис-тапот на лекување на малигните болести се менува во насока на задолжително користење имуно-стимулативна терапија.



Како делува  ImmunoAHCC  ?                                                     

ImmunoAHCC е специфичен додаток во исхраната и дополнителна природна имунотерапија на класичните методи на лекување на малигните болести. ImmunoAHCC го зајакнува имунитетот по сосема природен пат а исклучително силниот имунолошки одговор го остварува за рекордно кратко време (2-4 часа) и трае пролонгирано. Комбинираната употреба на ImmunoAHCC со хемотерапевтици, обезбедува поголема ефикасност на самата хемотерапија и радиотерапија (за 30%) во уништување на примарниот тумор и  присутните метастази. Резултатите се рангираат од вистинска редукција на туморската маса, запирање на растот на туморот, успорување на процесот на пролиферација, запирање на ширењето на метастази и продолжено време на ремисија на болеста. Многукратно се зголемуваат шансите за надминување на болеста, а ризикот од рецидиви се сведува на минимум. 

- ImmunoAHCC е ефикасен кај сите видови малигни болести

- ImmunoAHCC ги намалува ,ублажува и елиминира пропратните ефекти од хемотерапијата

- ImmunoAHCC помага во намалувањето на големината и успорување на растот на туморите

- ImmunoAHCC помага во стопирањето на ширење на метастази во другите ткива и органи   

- ImmunoAHCC помага во продолжување на периоди на ремисија на болеста и го продолжува животниот век

Во клиничка студија кај 53 пациенти со прогресивен карцином ImmunoAHCC е даван со повисоки дози (2-3 гр. дневно), заедно со цитостатикот Xeloda (capecitabine), при што е евидентирано исчезнување на болеста кај 25 пациенти, а кај 28 имало намалување и до 50 отсто. ImmunoAHCC го зголемува бројот и активноста на Т и Б  лимфоцитите за 200%, на НК клетките за 300-800%, го зголемува производството на gama interferon, интерлеукини,  tumor necroze factor поттикнувајќи го процесот на апоптоза, го намалува лачењето на факторот за раст на туморите (TGF) и ја забрзуваат диференцијацијата и пролиферацијата на Т-клетките.

ImmunoAHCC го стимулира создавањето на матичните клетки на коскената срцевина, ја забрзува продукцијата на леукоцитите, еритроцитите и тромбоцитите, ја спречува и ублажува миелосупресијата на коскената срцевина и ја негува белата крвна лоза. Го намалува хроничниот замор, папсаноста и исцрпеноста, го подобрува апетитот, ја враќа енергијата, ги намалува оштетувањата на црниот дроб. Делува и како силен антиоксиданс кој го спречува оштетувањето на здравото ткиво од зрачењето. ImmunoAHCC хемотерапијата ја прави полесно поднослива,поефикасна и помалку штетна обезбедувајќи поквалитетен живот на болниот, несаканите ефекти- гадење, повраќање, проливи, главоболки, намален апетит, паѓање на косата, болки - ги сведува на минимум и ја подобрува општата здравствена состојба на пациентот.                                              

    Предности на ImmunoAHCC

ImmunoAHCC како уникатна формула е супериорна во однос на другите слични препарати

-          ImmunoAHCC е единствен официјално признат суплемент од страна на Јапонското медицинско друштво - како најсилен и најефикасен природен имуностимулатор;

-          ImmunoAHCC целосно безбеден и нетоксичен производ со проверен состав и врвен квалитет (100% чист FD), произведен според најновите технолошки методи со максимален терапевтски ефект за минимум време и може да се користи во подолг временски интервал без појава на несакани ефекти;

-          ImmunoAHCC е вистински пример на симбиоза помеѓу природата и науката, спој на традицијата и најновите научни достигнувања  

                        

5 views0 comments

Comments


bottom of page