top of page
Search
Writer's pictureAnita Palceska

GANODERMA LUCIDUM PLUS – ПРИРОДЕН АДАПТОГЕН

Updated: Aug 29, 2024

Ganoderma Lucidum PLUS  е високо квалитетен додаток во исхраната, со единствен состав и силно биоактивно дејство како природен адаптоген. По дефиниција природни адаптогени се расти-телни видови кои содржат широк спектар на биолошки активни материи и кои на сосема природен начин ја хармонизираат и балансираат  функцијата на сите витални органи во човековиот организам. Само неколку растителни видови во светот го носат епитетот природни адаптогени, а една е ретките е токму Ganoderma Lucidum PLUS. 

Производот содржи 100% прочистени, активни спори со 98% распукани клеточни обвивки (shell-broken Red Reishi) од црвена Реиши габа. Од сите делови на габата, спорите содржат највисок процент на фармаколошки активни материи (75 пати повеќе во однос на телото на габата) и се многу ценети, бидејќи од 1000 кг Реиши габа се добива само 1кг спори. За да се постигне поголема иско-ристливост на активните компоненти и максимална биофармаколошка вредност на производот, цврстите клеточни зидови на спорите се кршат со посебни технолошки методи.

СОСТАВ НА GANODERMA LUCIDUM PLUS    60 X 450 mg

Органски германиум (Ge132) е моќен антиоксиданс кој ги врзува деструктивните слободни  радикали со што ја спречува клеточната дегенерација и превенира оштетувања на фосфолипидниот слој на клеточните мембрани и нормалната ДНК-структура. Спорите на Ganoderma Lucidum содржат од 800-2000 ppm органски Ge132 и поради тоа Ganoderma Lucidum PLUS се користи за ревитализација и регенерација на сите ткива и органи, за превенција на хроничните и дегенеративните болести и за целосно подмладување на организмот.
SOD (супероксид дизмутаза) - дејствува како силен детоксификатор и чистач на телото од отровни депозити, насобрани во црниот дроб и лимфниот систем. Има способност да ги алкализира телесните течности и да ја неутрализира киселоста на сите органи, ткива и телесни течности. Ефикасно ги чисти слузниците на дигестивниот и респираторниот тракт од насобраната слуз, која е одлична подлога за развој на бактерии и вируси, но и извор на енергија за малигните клетки. Токму затоа Ganoderma Lucidum PLUS се препорачува за детоксификација и  брза елиминација на вишокот на течности, кај нарушена функција на црниот дроб, за обнова на хепатоцитите и за нормална функција на органите за варење и дишните патишта.
Ганодерична киселина  е моќен инхибитор на хистаминот, кој е одговорен за појава на алергиските реакции и со тоа ги спречува алергиите предизвикани од најразлични причинители (полен, домашна прашина, разни прехрамбени намирници, лекови и т.н.) Ја подобрува искористливоста на кислородот и го зголемува капацитетот на белите дробови. Токму затоа, Ganoderma Lucidum  PLUS наоѓа ши-рока примена кај луѓето кои страдаат од астма и други типови на алергии, кај пушачи и индивидуи со белодробни заболувања.
Тритерпени ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем, го нормализираат нивото на холес-терол и триглицериди во крвта, го регулираат шеќерот и го балансираат крвниот притисок. Ги зајак-нуваат зидовите на крвните садови и имаат силно антикоагулантно дејство, спречуваат појава на ате-росклероза и превенираат срцев и мозочен инфаркт. Тритерпените го балансираат нивото на хормони и го регулираат хормоналниот дисбаланс, при нередовни менструални циклуси и во период на менопауза.
Хидросолубилни полисахариди (лесно растворливи во вода) го зајакнуваат имунитетот и го зголемуваат имунолошкиот капацитет на организмот, ги конвертираат абнормалните клетки во клет-ки со нормална структура, имаат силен имуномодулаторски, имуностимулативен  ефект и докажано антимутагено и туморпротективно дејство.Затоа Ganoderma Lucidum  PLUS наоѓа примена кај па-циенти кои се подложени на хемо и радиотерапија и особено по завршување на терапиите со цел - заштита од појава на метастази и враќање на болеста. Останати состојки во Ganoderma Lucidum PLUS  се  аденозин,  алкалоиди, фитостероли и др.

Ganoderma Lucidum PLUS  е препарат од прва линија на избор како за пациенти со здравствени проблеми така и за здрава популација со цел - квалитетна превенција од модерните бол ести.
 
GANODERMA LUCIDUM PLUS помага кај:

  • Инфективни болести предизвикани од вируси, бактерии и габички
  • Хематолошки болести (леукопенија, тромбоцитопенија, анемија)
  • Автоимуни болести (лупус, улцерозен колитис, псоријаза, Hashimoto)
  • Нарушен имунитет и алергиски реакции
  • Постоперативно опоравување и рековалесценција
  • Хронични воспаленија,
  • Покачени маснотии и холестерол, покачен крвен притисок, дијабет
  • Неуралгии, несоници, лош апетит, вртоглавици, главоболки
  • Менопауза и хормонален дисбаланс
  • Слаба циркулација и проширени вени
  • Болести на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот тракт

5 views0 comments

Comentarios


bottom of page