top of page
Search

Bodyflex Boswellia – за здрави зглобови и живот без болка

Updated: Feb 29, 2024

Артрозата претставува дегенеративно заболување со патолошки промени на зглобната р’скавица и е едно од најчесто дијагностицираните заболувања на зглобовите и скелетниот систем воопшто. Според податоците од СЗО секоја четврта жена и секој петти маж на средна возраст имаат некој од симптомите на дегенеративно оштетување на зглобовите, но старосната граница се спушта така да и помладата популација не е поштедена (кај 10 одсто испитаници на возраст од 15-25 години се евидентирани артрозни промени).



Дегенеративните промени прво се јавуваат на мала површина на зглобната р’скавица а прогресијата доведува до промени кои резултираат со силна болка и намалена подвижност на зглобот. Колку оштетувањето на р’скавицата е поголемо притисокот врз коските станува се посилен, структурата на коските се менува, се јавуваат задебелувања, коскени израстоци (шилци) и деформации кои сериозно ја намалуваат функцијата на зглобот со губиток на флексибилноста и отежнато движење. И покрај интензивните истражувања, причините за појава на ова заболување се уште со сигурност не се познати, но процесот на стареење на ткивата, пореметување на хормоналната рамнотежа, наследната предиспозиција но и многу надворешни фактори како повреди, физичко оптеретување, воспалителни процеси на зглобовите и прекумерна телесна тежина  се докажани ризици за појавување на артрозата како сериозен здравствен проблем. Најчесто се јавува на колената (гонартроза) и колковите (коксартроза) бидејќи тие зглобови трпат најголемо оптеретување.  Во првата фаза од болеста главен симптом е болката која се јавува при одреден тип на физичка активност (искачување и слегување по скали, одење по нерамен терен), крепитација т.е крцкање  во зглобот при обично движење, како и краткотрајна укоченост при првите движења после подолготрајно мирување (после седење или наутро по повеќечасовниот ноќен одмор). Сите овие непријатни симптоми се интензивираат  при климатски промени особено на ладно и влажно време. Во втората фаза се јавуваат ограничувања во обемот на движењата  и нестабилност на зглобовите, поради слабеење на мускулатурата и олабавување на тетивите. Овие патолошки состојби не се развиваат преку ноќ, туку полека и  постепено,  честопати  со слаби,  незабележителни симптоми или сосема асимптоматично. Поради тоа во поголемиот број случаи болеста се дијагностицира во понапредната фаза, кога оштетувањата се сериозни со зна-чително нарушена функција на зглобот. Исклучително е важно да се спречи натамошно прогресивно оштетување на зглобната р’скавица и да се сопре процесот на дегенерација, во спротивно со тек на времето може да дојде до многу сериозни оштетувања кои можат да се третираат исклучиво со хируршки зафат (вградување на ендопротеза т.е вештачки зглобови). Препаратот BODYFLEX Boswellia е соодветен препарат за ваквите заболувања  и најдобар сојузник во напорите да се одржи функцијата на болните зглобови и да се спречи  натамошното напредување на болеста. BODYFLEX Boswellia претставува додаток во исхраната и е идеално креирана природна формула која ја хармонизира функцијата на мускулноскелетниот систем. Содржи високо вредна активна компонента ApresFlex - Boswellia serrate extract.  ApresFlex е патентиран екстракт од растително потекло, чија активна компонентa acetyl-11-keto-beta-boswellic acid или AKBA е стандардизирана со помош на најсовремени технолошки процедури. Благодарение на. BODYFLEX Boswellia се намалува ригидноста на зглобовите, се подмачкуваат зглобовите и се подобрува нивната функција и подвижност, ги релаксира и ги зајакнува мускулите, тетивите и лигаментите, спречува отоци и воспаленија на мукозните мембрани и го намалува чуството на болка. Овој препарат треба да се користи редовно, континуирано и подолготрајно бидејќи ова се болести од хроничен карактер, со дневна доза од 1 капсула, без несакани ефекти и контраиндикации.




 


 

9 views0 comments

Comments


bottom of page